СДСМ: 60 милиони евра за автобуси со помал капацитет

Криминална власт на Мицкоски под радарот договора тендер вреден речиси 60 милиони евра за автобуси во Скопје. Скопјани чекаат превоз, а власта им ги намалува и местата во автобусите! Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, наместо првично бараните 76, во следните постапки се бараат 66 патници по автобус, се посочува во соопштението од СДСМ

Тоа е 20 места помалку од последно купените автобуси на Град Скопје и 30 помалку од донираните од ЕУ.

Две поевтини понуди биле отфрлени. Значи поскапи.

Класичен рецепт за корупција и шеми со местење тендери.

Очигледно намерно тендерот се повторувал трипати за да се наместат условите и да се усогласат играчите.

Омилените компании на ВМРО од Унгарија и Кина од остри конкуренти преку ноќ станале „партнери“ со заедничка понуда.

Наместо да го реши ѓубрето во Скопје, наместо да го реши проблемот со јавниот превоз, Орце мисли на провизии и дилови и со автобусите.

Помалку места за Скопјани повеќе пари за арамиите.

Вака функционира организирана криминална група.

Ќе отвори ли истрага Јавното обвинителство или екскурзијата уште трае?

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close