Две малолетнички цела ноќ биле заклучени во автомобил во парк во Сарај
Дванаесетгодишно девојче од Скопје против својата волја цела ноќ било заклучено во автомобил на друг малолетник. Заедно со неа била и нејзина другарка. Двете останале заклучени во автомобилот до следното утро.

Случајот во полиција го пријавила мајката на 12-годишничката – А.Р. (38) од Скопје.
Според пријавата, на 12 ноември околу 18 часот девојчето се оддалечило од семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар, а се вратило дури следниот ден во 7:40 часот наутро. Во пријавата било наведено дека малолетничката и нејзината, исто така малолетна другарка, се сретнале со неколку малолетници во парк во Сарај по што против своја волја биле заклучени во автомобил на еден од малолетниците и таму останале до следното утро.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот






