ВИДЕО: Кравите од Крива Паланка стигнаа и на светските медиуми
Кравите од Крива Паланка кои слободно се шетаат, а за кои градоначалникот побара прогласување кризна состојба, стигнаа и на светските медуми. За нив известуваат „Еуроњуз“ и „Асошиејтед Прес“.
видеото погледнете го тука
„Асошиејред прес“ јавува дека жителите на Крива Паланка се борат со стадо говеда кое пораснало на повеќе од 1.000 животни, уништувајќи имот и загрозувајќи го нивниот живот.
Хрватскиот „Дневник“, повикувајќи се на „Еуроњуз“, објави дека животните предизвикуваат материјални штети и вознемиреност кај локалното население.
Градоначалникот Сашко Митовски неодамна побара од Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, посочувајќи дека општината нема доволно ресурси за справување со проблемот






