Не е точно дека ја кочиме ратификацијата на договорот со Албанија, реагира АА
„Вчера, власта се обиде да манипулира со јавноста, обвинувајќи ја Алијансата за Албанците дека ја блокира ратификацијата на договорот со Албанија, само затоа што побаравме процедурално обраќање. Денес, кога истиот договор беше на дневен ред, пратеничката од Вреди, Саранда Имери Стафаи, самата побара процедурално обраќање!“, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Кога ние го правиме тоа, било блокада. Кога тие го прават тоа, било парламентарна процедура! Ова е сосема доволно за да се разоткријат лицемерието, манипулациите и двојните стандарди на Вреди“, се вели во реакцијата од опозициската партија.
Од Вреди претходно обвинија дека опозицијата, првично посочувајќи го претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Муса Џафери од редовите на ДУИ, а потоа и опозициските пратеници вклучувајќи ја АА, намерно го кочи процесот преку процедурални пречки и незакажување или одолговлекување на комисиската расправа за ратификација на договорот за интегрирани гранични премини со Албанија






