Рубио го нападна Меѓународниот кривичен суд

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, го обвини Меѓународниот кривичен суд (МКС) дека го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити и предупреди дека Вашингтон нема да прифати негови одлуки што се однесуваат на американски граѓани.

epa12119946 US Secretary of State Marco Rubio attends a budget hearing at the Senate Foreign Relations Committee hearing, at the US Capitol, Washington, DC, USA, 20 May 2025. EPA-EFE/WILL OLIVER

На конвенција на Федералистичкото друштво во САД, Рубио го критикуваше МКС дека се обидува да спроведува правила што САД не ги признаваат. Тој претходно најави санкции против МКС, откако судот издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради наводни злосторства во Газа.

 

Рубио оцени дека судот не одговара пред никого, а има овластувања да истражува и гони американски граѓани врз основа на закони што САД не ги прифатиле. Вашингтон го потпиша Римскиот статут, но никогаш не го ратификуваше.

 

Американскиот државен секретар порача дека САД ќе одговорат доколку судот се обиде да ги спроведе своите одлуки врз Американците.

 

МКС ги гони лицата обвинети за најтешките меѓународни злосторства и дејствува како последна правна можност кога државите немаат соодветни механизми за утврдување одговорност.

 

Рубио говореше и за надворешната политика на администрацијата на Доналд Трамп, тврдејќи дека меѓународното право се користи против речиси секоја нејзина важна одлука. Неговиот настап ги поттикна и шпекулациите за неговите политички амбиции, бидејќи често се споменува како можен наследник на Трамп, иако ги отфрли тврдењата дека се подготвува за претседателските избори во 2028 година

Back to top button
Close