Тројца турски државјани под закана со оружје ограбиле свои сонародници во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23), Х.Ѓ.(21) и М.Б.(23), сите од Турција.

Kако што се наведува во полицискиот билтен, кривичната пријава против турските државјани следува поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“.

Имено, на 3 ноември во куќа во штипското село Стар Караорман, пријавените со закана со огнено оружје од А.Р.Ј., М.Ч., С.С., Д.Ѓ., О.А. и Х.Б., сите од Турција, одзеле шест лап-топ компјутери, пет мобилни телефони, пари и лични документи на А.Р.Ј.

Back to top button
Close