Радев: Нема потреба од посредници меѓу Софија и Скопје

Немаме потреба од посредници, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија, изјави денеска во Рим бугарскиот претседател Румен Радев во врска со предлогот европските историчари да се вклучат во бугарско-македонската историска комисија.

Радев кој е во Рим заедно со претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на сесловенските просветители Килрил и Методиј, рече дека овој негов став му го кажал повеќепати на неговиот македонски колега.

– Комисијата ќе се занимава со историјата, но најважно е ние на високо политичко ниво да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение, изјави Радев за бугарските новинари кои ја следат неговата посета на Рим.

Back to top button
Close