Стојаноски до Николовски: Охрабрете се, повикајте го Обвинителството да ја расчисти аферата со компанијата “Рубитон” и РЕК Битола

Зошто Вице Заев е забранета категорија за институциите господине Љупчо Николовски?, праша на денешната Собраниска седница за пратенички прашања пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Во текот на вчерашниот ден, рече Стојаноски бевме сведоци на една нова афера по признание на сопственици на компанијата “Рубитон” за да продолжат да работат во РЕК Битола треба да дадат мито од 250 илјади евра на лицето Вице Заев, кој по некоја случајност е брат на премиерот Зоран Заев.

Целата ситуација и текот на настаните е опишан во пријавата на сопствениците на компанијата кои ја поднеле до МВР. Во документот јасно стои како била постапката, кој го повикал, кој му се јавил на Вибер, кој ќе дошол во Битола, точен датум, точно време, точна локација и точна цифра. За по некое време таа изјава да биде променета. Идентична прва страна, а променет записник. Ги поседувам документите и после говорот ќе ви ги предадам на Вас господине Николовски, изјави од говорницата Стојаноски.

Стојаноски го праша вицепремиерот Николовски дали ќе го повика Обвинителството да постапи и да отвори истрага.

Дали ОЈО ќе ги одземе мобилните телефони и ќе ги провери и ќе ги извештаи и провери комуникацијата. Ви давам два записник и Вие слободно однесете ги вој Обвинителството. И на крајот, дали некој ќе одговара за фалсификување на овој очигледен записник, рече Стојаноски.

Back to top button
Close