ВИДЕО: Река вода по улиците – невремето во Куманово предизвика поплави

Пороен дожд и силно невреме вчера го зафати Куманово, но и цела Македонија. Жителите од неколку кумановски населби до службите за управување со кризи пријавиле дека се поплавени неколку улици и дека шахтите не можат да ја примат надојдената вода.

„Дел од граѓаните пријавија дека им се поплавени подрумските простории. Речните корита имаат можност да апсорбираат поголема количина на вода“, изјави Горан Стојановски од Регионалниот центар за управување со кризи.

На терен излегоа екипите на „Водовод“, кои ги санираат штетите.

Жители на руралните места Табановце, Четирце, Речица, Режановце, Романовце, Умин Дол, Ново Село, дел од селата од Старо Нагоричане, пак, пријавиле дека имаат штети од град.

Back to top button
Close