Проблеми со регистрација на возила во овие три македонски града – откриена е причината


Веќе втор ден граѓани од повеќе градови во источна Македонија се соочуваат со проблеми при регистрација на возила поради недоставување на верификациските кодови преку СМС и електронска пошта.

Проблемот е пријавен во Берово, Делчево, Кочани и други места во регионот. Поради тоа, граѓаните не можат да ја завршат постапката за регистрација на возилата.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека станува збор за технички пречки во системот за регистрација на возила, поради кои има проблеми со испраќањето на верификациските кодови.

„Надлежните служби работат на отстранување на пречките и нормализирање на функционирањето на системот“, соопштија од МВР.

Од Министерството засега не наведуваат колкав е опфатот на проблемот ниту конкретен рок за целосно нормализирање на системот.

Back to top button
Close