212 санкции за неносење маска
– На територијата на Северна Македонија во изминатото деноноќие констатирано е дека шест лица не ја почитувале забраната за движење, регистрирани се и 212 прекршоци за мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел заеднички придонес во спречување на ширење на Ковид-19.