Земјотрес од 3,3 степени со епицентар во Преспа

Земјотресот е регистриран во 14 часот и 4 минути, а почувствуван е и во Битола и околината.

Земјотрес од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14 часот и 4 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците, епицентарот е лоциран во Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.

„Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се наведува во објавата на Сеизмолошката опсерваторија.

Од Опсерваторијата упатија и повик до граѓаните за прибирање податоци за сеизмолошките истражувања и апелираат оние кои го почувствувале земјотресот да се јават на единствениот број за итни повици – 112.

Back to top button
Close