ВМРО-ДПМНЕ повторно на протест
Денеска 09.06.2021 година ВМРО-ДПМНЕ од 15 часот до 17 часот ќе протестира во 10 градови во Република Македонија, под мотото Доста е, Излези за Македонија, против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.
- Во Скопје протестот ќе се одржи на три локации:
- – Крстосница пред Градска болница,
– Крстосница пред ТЦ Мавровка,
– Крстосница пред НИП Нова Македонија
- Штип, кај кружен тек Нама,
- Велес, ул. 8ми Септември , центарот на градот кај споменикот Кочо Рацин,
- Кочани, ул. Раде Кратовче, веднаш до градскиот плоштад,
- Прилеп, Градска кафана ( зграда Општина Прилеп), булевар Гоце Делчев со улица Прилепски бранители,
- Струмица, ТЦ Глобал во центарот,
- Кавадарци, раскрсницата кај ООУ Гоце Делчев,
- Охрид, кружниот тек кај Охридска Банка,
- Битола, раскрсниците на ул. Димитар Илиевски Мурато со ул. Никола Тесла кај Гроздот,
- Кичево, раскрсницата кај Атва маркет и маркет Печак на ул. Борис Кидрич.