Филипче: Денеска стаса нова пратка вакцини Фајзер 14.06.2021 20:28 872 Читање помалку од 1м Нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ пристигна денеска. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, a вакцините пристигнуваат во континуитет.