Нема аир од Деве баир
Толку ли мислат дека се глупави гласачите, кога се обидуваат да им ја продадат приказната за одбивањето на елаборатите на Општина Центар дека не можат да го сменат урбанистичкиот план, па повторно по принципот „сè по закон шефе“, ќе мора да се дозволи градба на дваесеткатници кај хотелот „Холидеј ин“? Општината не докажала дека се спротивни на јавниот интерес.
Работава е: „Миле ми текна! А да ги утнеме елаборатите? Не, бе. И да не ги утнат, ќе им кажеме дека ги утнале“. Кој го вика тоа? Министерството за транспорт и врски што го продаде државното земјиште пред „Холидеј ин“ речиси за беспари, а сега ќе оценува дали било добро да се гради кај „Холидеј ин“.
Кадија те тужи, кадија те суди. СДСМ е четири години на власт во најголем број општини и пет години на власт на државно ниво. Да сакаа нешто да сменат од плановите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги критикуваа и така ги излажаа гласачите за да гласаат за нив, ќе сменеа.
А не уште и да ги реализираат плановите на ВМРО-ДПМНЕ. Баш ме интересира со каков слоган ќе одат на локалните избори?
Ние не сме надлежни! Ние не сме моќни! Се навежбаа скопските пожарникари. Прво вежбаа за генерална проба, па имаа генерална проба за да вежбаат пред градоначалникот Петре Шилегов и министрите Оливер Спасовски и Венко Филипче.
Ако, не дај Боже, има пожар, пожарникарите ќе гасат на 11. кат. Ќе стигнат на време и амбулантните возила. Ама, како ли ќе пристапат од паркираните коли во тесните улички од урбаниот хаос што го оставија и го надградија?
Целата колумна на Горан Михајловски на сдк.мк