Папата Франциск в понеделник ќе има аудиенција за државниот секретар Блинкен
Папата Франциск в понеделник ќе го прими американскиот државен секретар,Ентони Блинкен, што е знак на затоплување на односите меѓу САД и Ватикан по бурното претседателство на Трамп, наведува официјален извор од Ватикан.
Како дел од турнејата низ Европа, Блинкен по денешната посета на Париз, в понеделник во Ватикан ќе биде примен од надбискупот Пол Ричард Галагер, министерот за надворешни работи на папата, потврди портпаролот на Стејт департментот
Блинкен е највисоко рангирана личност од новата американска администрација што досега добил покана од папата.
Папата Франциск, кој редовно повикува на борба против климатските промени и искажува сочувство за бегалците, треба да воспостави помирни односи со администрацијата на претседателот Џо Бајден во споредба со таа на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Папата особено го критикуваше Трамп за неговиот план да изгради ѕид на границата со Мексико и одби да се сретне со претходникот на Блинкен, Мајк Помпео, пред изборите во САД. Помпео, евангелистички христијанин, во 2018 година излезе со критика за папата по договорот за решавање на спорот меѓу Кина и Ватикан околу назначувањето епископ.
Иако е критична кон Кина, администрацијата на Бајден се уште не ги коментираше односите меѓу Ватикан и Пекинг.






