Либан ги повика донаторите да ја спасат земјата од кризата

– Привремениот либански премиер Хасан Диаб ги повика донаторите да ја „спасат“ неговата земја, која се бори со тешката економска криза, иако нема формална влада.

Тој предупреди дека земјата е „на само неколку дена од социјална експлозија“ и ја повика меѓународната заедница „да помогне да се спречи смртта на Либан“.

Диаб ги повика странските донатори да обезбедат финансиска помош, иако мултирелигиозната држава веќе 11 месеци не успева да формира нова влада.

-Поврзувањето на помошта за Либан со формирањето на владата почна да го загрозува животот на Либан, рече Диаб на состанокот во Бејрут со странските претставници.

Задржувањето средства, додаде тој,  не влијае на корумпираните.

-Место тоа, либанскиот народ плаќа висока цена, рече Диаб, повикувајќи ги инвестиротите  „спасете го Либан пред да биде предоцна“.

Меѓународната заедница вети хуманитарна помош, но обезбедувањето каква било финансиска помош на привремената влада го поврзува со формирањето нов кабинет, што треба да ги почне неопходните реформи.

И покрај меѓународниот притисок оваа поранешна француска колонија, со длабоко поделена политичка елита, речиси цели 11 месеци не е во можност да се договори за кабинет

Диаб се повлече од функцијата вршител на должноста премиер по експлозијата во пристаништето Бејрут на 4 август 2020 година, кога експлодираа стотици тони амониум нитрат, убивајќи повеќе од 200 луѓе и уништени стотици згради.

Во меѓувреме, пандемијата на коронавируси ја продлабочи економската криза што почна во есента 2019 година. Либанската фунта изгуби повеќе од 90 отсто од својата вредност на црниот пазар во однос на доларот. Падот на девизните резерви доведе до огромни редици пред бензинските пумпи и сериозен недостиг на лекови.

На две меѓународни конференции, странски донатори ветија милиони долари помош за либанскиот народ, но запираа непосредно пред да ја дадат помошта за Либан.

Back to top button
Close