Псаки: САД внимателно ја следат ситуацијата на Хаити

САД ја следат ситуацијата на Хаити по „трагичниот напад“ како резултат на кој беше убиен претседателот на земјата Жовенел Моиз, изјавија денеска од Белата куќа. Според извештаите, била ранета и неговата сопруга, Мартин Мери Етјен Жозеф, која подоцна подлегнала на повредите.
-Засега собираме информации, прецизираше портпаролката Џен Псаки.
Главниот републиканец во Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, изрази загриженост поради убиството на претседателот.
Претседателот на Хаити денеска во раните утрински часови беше убиен од непознати лица во неговата приватна резиденција. За тoа соопшти премиерот на земјата Клод Жозеф.
Според него, група од неидентификувани лица ја нападна резиденцијата на шефот на државата денеска околу час и по полноќ. Моиз беше смртно погоден од огнено оружје. Според подонежнте извештаи, ранетата сопруга подоцна подлегнал на повредите.





