СБ на ОН се согласи да ги обнови прекуграничните испораки со хуманитарна помош за Сирија

– Советот за безбедност на ОН денеска се согласи да го обнови механизмот за прекугранична испорака на хуманитарна помош од витално значење за Сирија, јави ДПА.

Условите на договорот не се соопштени. Меѓутоа, според американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, граничниот премин Баб ал-Хава ќе остане отворен за хуманитарна помош уште 12 месеци.

Условите од договорот беа воспоставени во 2014 година и требаше да заврши утре. Со него сега се дозволува помошта да оди во делови на Сирија што ги држат бунтовниците.

Русија, која го поддржува сирискиот лидер Башар ал-Асад, во последните месеци повеќепати сигнализираше дека сака да го затвори граничниот премин Баб ал-Хава, последниот од некогашните четири премини за помош во Сирија, појаснува ДПА.

Обединетите нации и агенциите за помош предупредија на опасноста од хуманитарна катастрофа доколку договорот не биде продолжен. Повеќе од два милиона лица во бунтовничките области зависат од оваа помош, наведуваат ОН.

 

Back to top button
Close