Литванија ќе предложи проширување на санкциите против Белорусија

Литванија утре ќе и предложи на ЕУ проширување на санкциите против Белорусија поради испраќање илегални мигранти преку европските граници, изјави портпаролка на литванското Министерство занадворешни работи
– Ќе предложиме разгледување на постепено проширување на секторските санкции, истакна портпаролката.
Литванија во петокот почна да гради ограда од бодликава жица долга 550 километри на границата со Белорусија, откако ги обвини белоруските власти дека илегално испраќаат мигранти во земјите на ЕУ.






