Полицијата приведе дилери на дрога во Гостивар

– Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Гостивар утрово околу 4:00 часот на различни локации во Гостивар лишиле од слобода седум лица, од кои шест од Гостивар и еден од Горна Бањица. Сите се приведени порди нивна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-При преглед извршен кај Н.Д.(30) од Гостивар била пронајдена кеса кокаин, а Љ.В.(35), С.С.(36), Д.Ј.(36), Ж.Ц.(41), А.Б.(3), сите од Гостивар и Ф.И.(27) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение за нивна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Сите лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close