Заев го пролонгира датумот за локални избори на своја рака, со надеж дека ќе го ублажи поразот

ВМРО-ДПМНЕ: Мислењата на Венецијанската комисија за СДСМ важат во зависност од тоа како ним им одговара - МИА

Зоран Заев се плаши од соочување со граѓаните бидејќи му е јасен судот на народот. Затоа на своја рака без консултација со останатите партии бара поместување на датумот на локалните избори од средината на октомври.

Ова е спротивно на досегашната пракса, но и кршење на Уставот на Република Македонија каде   јасно се  утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори.

Изговорот дека се поклопува пописот со кампањата не држат, бидејќи пописот може да се одложи за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот. Патем

СДСМ и Заев до пред неколку дена ја убедуваа јавноста дека локалните избори и пописот се процеси кои можат без проблеми да течат паралелно, за сега Заев да говори нешто сосема друго. Заев менува ставови од денес за утре и тоа не е ново, но очигледно и Заев и СДСМ се свесни за расположението на граѓаните и се обидуваат да купат уште малку време со надеж дека ќе го ублажат поразот кој им следи.

Back to top button
Close