Судството во Тунис спроведува истрага на двете најголеми партии

Судството во Тунис соопшти денеска дека спроведува истрага на двете најголеми партии во Парламентот, кои го обвинија претседателот Каис Саид дека извршил државен удар, откако во неделата го распушти законодавниот дом и го разреши од должност премиерот Ишам Мешиши.

Судството, кое се смета за независно тело од политиката, потврди дека неговата истрага започнала 10 дена пред потезите на претседателот.

Парламентарните партии кои се под истрага, не беа веднаш достапни за коментар.

Една деценија по завршувањето на автократското владеење со револуцијата во 2011 година, која ја поттикна Арапската пролет, Тунис се соочува со најтешкиот тест на својот демократски систем досега.

Претседателот Каис Саид сè уште не назначил нов премиер, ниту прецизираше како ќе се справи со ситуацијата за време на 30-дневниот период кога работата на Парламентот е замрзната.

Постојат индикации за политички тензии низ целата земја, без протести, но со зајакнато присуство на безбедносните сили во центарот на Тунис, додека војската останува во Парламентот, владините и телевизиските згради, кои ги блокираше во неделата.

Back to top button
Close