Магичен круг
До каде сме со лекцииве од животот? На пример, што научивме после поројот во Шипковица во август 2015 кога загинаа шест луѓе? Исчистени ли се каналите? Пошумено ли е тоа што било бесправно исечено? Прибран ли е шутот? Или, што научивме од лекцијата за Стајковци во август 2016 што однесе 22 животи? Во август 2019 имаше голем пожар кај велешкото езеро Младост.

Премиерот Зоран Заев вети дека ќе се зголемува бројот на пожарникари во локалните пожарни единици и дека ќе се обучуваат пилоти за летање со „ер тракторите“ за гаснење пожари.
Ниту авионите пролетаа, ниту се зголеми бројот на пожарникари. И зошто е виновен директорот на Центар за управување со кризи Стојанче Ангелов што нема доволно пожарникари, што не само што нема пилоти, туку ни авионите не се сервисирани и што хеликоптерите на АРМ не можат да летаат на високи температури?
Стојанче е виновен само затоа што дава изјави, па така го свртува вниманието на себе, а ние забораваме на одговорноста на тие што се вистински одговорни. Како да управува со криза кога нема со што и со кого да управува?
Ова е иста приказна како со недостигот на пасоши и регистарски таблички, со набавката на свидетелства, со доцнење на испорака на инсулините, со изводите од матичните книги… само многу подраматична и со повеќе жртви. Планирање – нула. И тие малку ресурси што ги имаме не ги користиме. Па, уште и ќе се фалиме: Ние сме НАТО. Какво НАТО бре, кога ние ни трите авиони за гасење пожар што ги имаме не можеме да ги сервисираме? Да му ги подариме на Вучиќ на чување, па тој нека ги сервисира и нека ни ги праќа кога ќе ни затребаат. Ни помагаат НАТО партнерите.
Па замисли на нив да им се случи елементарна непогода и да чекаат помош од нас? Со што ќе им помогнеме? Со пожарникарите што ги немаме во доволен број? Со противпожарните камиони од времето на Тито? Со „ер тракторите“ што не можат да полетаат, а нема ни кој да ги лета? Или со нашите политичари, кои ќе парадираат наоколу како што парадираа во Кочани пред да заминат на одмор. Оти, кога ништо не ти функционира ти останува само да се сликаш. Ќе речеш – пожарите се подметнати и – си го решил проблемот. Ќе се занимаваме само со тоа што во моментов може да ни донесе популарност. Купи ден – продај. И секирај се само како тоа ќе личи на Фејсбук.
…
Kолумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука






