Белорусија бара САД да го намали дипломатското присуство во земјата

Белорусија им нареди на САД да го намалат своето дипломатско присуство во државата како одговор на новите санкции на Вашингтон, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи

„Ние и предложивме на американската страна да го намали бројот на вработените во амбасадата во Минск на петмина до 1 септември“, рече портпаролот на министерството Анатолиј Глаз.

Тој ги осуди „отворено непријателските“ акции на САД.

Оваа недела, САД воведоа нови санкции против Белорусија и институции и компании поврзани со владата на претседателот Александар Лукашенко, зголемувајќи го притисокот врз белоруската влада.

Back to top button
Close