На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

На патеката кон рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини денеска се возеше втората ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА – зона на Централна Европа.

На релито учествуваа десет возачи во пет натпреварувачки класи од исто толку домашни авто-клубови, како и двајца гости од Полска.

Во класите Е1-1200 и Е1-1400 се натпреваруваа само Христаки Давитковски и Донче Иванов од АКК „Фичо 600“ и успешно го завршија настапот. Кај возачите во класата Е1-1600 најбрз беше Слободан Трајковски од АКК „Перформанс“ со возилото „застава југо“, а неговиот клупски колега Димитриј Кимовски со „хонда сивик“ победи во класата Е1-2000.

Полјакот Грегорж Дуда со „хјундаи и20“ беше победник во најсилната класа Е1 +2000 и патеката долга 5,9 километри ја помина за три минути 29 секунди и 70 стотинки, со што оствари најдобар пласман на натпреварот.

Организатор на трката беше АКК „Перформанс“ од Скопје, со поддршка од Автомобилистичката федерација на Македонија

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close