Пронајдено и уапсено лицето кое шверцувало лавчиња, МВР врши претрес и на други локации
Пронајдено е лицето кое шверцувало лавчиња, известија службите на МВР. Станува збор за 31-годиен кумановчанец, полицијата го уапсила под сомнение за сторено кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување на животни.
„На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување на диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава“-известуваат од МВР .
Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување