Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Британскиот боксер Тајсон Фјури ноќеска во Лас Вегас го победи Американецот Деонтеј Вајлдер со нокаут.
Борбата за титулата во тешка категорија верзија „ВБЦ“ заврши во 11. рунда. Британскиот боксер по втор пат го совлада Вајлдер и ја одбрани титулата.
Триесет и тригодишниот Фјури, досега има 31 победа и само еден нерешен меч.
Од друга страна, 35-годишниот Вајлдер го претрпе вториот пораз, има 42 победи и еден нерешен дуел.