СЗО: Постои загриженост околу можноста омикрон да го избегне стекнатиот имунитет
Од СЗО утрово беше соопштено дека на државите веќе им е дадено упатство поврзано со новиот сој на коронавирусот, а се истакнува и дека постои голема веројатност од понатамошно ширење на сојот ширум светот.
-Омикрон има невиден број на мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание на текот на пандемијата, соопштуваат од СЗО, а се додава и дека веројатноста од „потенцијално понатамошно ширење на мутацијата е високо на глобално ниво“.
Првата препорака до државите е организирање на приспособливи мерки за меѓународно патување.
-Имено, постои загриженост околу можноста омикрон да го избегне стекнатиот имунитет, додава СЗО напоменувајќи дека тогаш е голема веројатноста од понатамошно ширење на омикрон на глобално ниво.
-Во зависност од тие карактеристики може да дојде до иден налет на бран на Ковид-19, што би можело да има сериозни последици. Проценуваме дека вкупниот глобален ризик е поврзан за новиот сој на Ковид-19 и е многу висок, се додава во соопштението на СЗО.