Тони Блер стана „сер” и влезе во Редот на витезите

Поранешниот британски премиер Тони Блер, војвотката од Корнвол и бароницата Ејмос станаа членови на најстариот и најголем англиски Ред на витезите во Европа и светот.

На тој начин поранешниот премиер сега ќе стане „сер”, објави Би-Би-Си.

Тоа е лична одлука на кралицата Елизабета Втора, а бароницата Ејмос е првата црнкиња која станала членка на Редот.

Церемонијата, воспоставена во 1348 година, претставува признание за важни јавни служби, како еден вид личен подарок од монархот.

Блер од денеска ќе ја има титулата „сер” и ќе влезе во друштвото на витези.

– Ова е голема чест. Им благодарам на сите кои беа дел од владата со мене, но и во јавниот сектор и сите делови од нашето општество. Им благодариме за нивната посветеност кон нашата земја. Јас ќе бидам сер Тони, подобро отколку сер Ентони, истанка Блер

Back to top button
Close