(Видео) По силниот земјотрес жителите на Лерин ќе преноќат надвор
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран вечерва во близина на границата на Грција со Северна Македонија, а беше почувствуван и во нашата земја.
Според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил шест километри северозападно од градот Лерин.
За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Жителите на Лерин исплашени од треењето веднаш излегле на улица, а како што информираат грчките медиуми тие ноќт ќе ја поминат под отворено небо.