Финале на Македонскиот кошаркарски куп: Рекордна титула за МЗТ Скопје Аеродром или дебитантска за ТФТ
Македонскиот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ денеска ја има својата завршница во која во женска конкуренција за титулата ќе се борат Кам Баскет 2011 и Бадел 1862, додека во машкото финалето ќе се сретнат градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.
Во реприза од ланското финале, кошаркарките на Баскет Кам вечерва од 17 часот во СРЦ „Кале“ ќе атакуваат на вториот трофеј, а кошаркарките на Бадел 1862 на четвртиот, под тоа име.
Финалето во машка конкуренција (19:30 часот) ќе донесе историски успех за поуспешниот тим.
Актуелниот бранител на титулата МЗТ Скопје Аеродром со триумф ќе освои рекордна 11. титула и ќе го остави зад себе Работнички со десет трофеи, додека победа на ТФТ ќе му донесе прв трофеј во дебитантското куп финале.