Жител на Врапчиште лажно сведочел, обвинителството бара да се казни

Од Обвинителството информираат дека 44-годишен маж лажно сведочел во судска постапка, поради што сега бараат да биде казнет.

-Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик, велат од Обвинителството.

Оттаму појаснуваат дека лажниот исказ сведокот го дал во октомври минатата година.

-Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на главна расправа во постапка по поднесено обвинение за кривични дела Лихварство и Изнуда. Притоа тој ги негирал наводите од записникот за поднесена пријава, врз основа на која било поднесено обвинението против лицето осомничено за овие две кривични дела., додаваат од Обвинителството.

Back to top button
Close