Британија го замрзна имотот на белоруски началници за одбрана

Велика Британија соопшти дека воведува санкции против четворица високи одбранбени фигури во белорускиот режим на Александар Лукашенко поради поддршката на руската инвазија врз Украина. Замрзнат имот и забрана за патување е воведена за Виктор Гулевич, началник на Генералштабот на армијата на Белорусија и прв заменик министер за одбрана.

– Тој е одговорен за насочување на акциите на белоруските вооружени сили, кои ја поддржаа и овозможија руската инвазија врз Украина. Тој нареди заеднички воени вежби со Русија и се согласи на распоредување на руски војници долж границата на Белорусија со Украина, што директно придонесе за способноста на Русија да ја нападне Украина, вклучително и од позициите во Белорусија, соопшти британското Министерството за надворешни работи.

Исто така, санкционирани се генерал-мајор Андреј Бурдико, заменик министер за одбрана за логистика и началник за логистика на белоруските вооружени сили; заменик-министер за одбрана и началник за вооружување, генерал-мајор Сергеј Симоненко; и заменик-министерот за одбрана, генерал-мајор Андреј Жук

Back to top button
Close