BИДЕО: Тешко болни деца се лекуваат во болнички подруми во Киев

Тешко болни деца и нивните мајки и натаму добиваат третман во подрумот на детската болница во Киев. Во очајни услови, хирурзите оперираат и малолетни деца повредени од шрапнели.

Над 500.000 илјади Украинци, претежно жени и деца, досега успеаја да побегнат од руската воена агресија врз Украина во соседните земји. Но голем е бројот на оние кои останаа. Не затоа што сакаа, туку затоа што немаа друг избор. Евентуалната евакуација ќе беше дополнителен ризик за и онака кревкото здравје на овие деца. Таков е случајот со тешко болните деца во детската болница Охмадит во Киев.

Ukraine Kiew | Kranke Kinder und Neugeborene im Keller eines Kinderkrankenhauses

Деца и новороденчиња во подрумот на болницата во Киев

Поради постојаното руско бомбардирање на градот децата, заедно со нивните мајки, сега се принудени да добиваат третман во болничкиот подрум.

Хирурзите таму оперираат и деца повредени во руските напади

Извор: дв

Back to top button
Close