Русите тврдат дека Зеленски ја напуштил Украина: Тој се наоѓа во Полска
Претседателот на руската државна Дума, Вјачеслав Володин, тврди дека уркаинскиот претседател Володимир Зеленски се наоѓа во Полска.
„Зеленски ја напушти Украина. Членовите на украинскиот парламент рекоа дека не можат да дојдат до него во Лавов. Тој е сега во Полска“, напиша Володин, а пренесува „Интерфакс“.
Украина засега не реагираше во врска со овие информации.
Володин и на 26 феверуари објави дека Зеленски го напуштил Киев. Тврдеше дека видео записите кои Зеленски ги објавува од Киев се снимени претходно, но од Украина ги демантираа тие информации.