Писмо од руски православни свештеници: Запрете ја војната во Украина

Повеќе од 280 руски православни свештеници потпишаа отворено писмо во кое бараат да се стави крај на „братоубиствената војна“ во Украина.

„Жалиме за тешкото искушение на кое незаслужено се изложени нашите браќа и сестри во Украина“bсе вели во писмото, пренесе „Кристијан пост“.

„Последниот суд го чека секој човек. Ниту еден земен авторитет, ниту лекари, ниту чувари нема да штитат од овој Суд. Загрижени за спасението на секој човек кој се смета себеси за дете на Руската православна црква, не сакаме тој да се појави пред Последниот суд, носејќи го тешкиот товар на мајчинските клетви. Потсетуваме дека Крвта Христова, пролеана од Спасителот за животот на светот, ќе биде примена во светата тајна Причест од оние луѓе кои даваат убиствени наредби, не во живот, туку во вечни маки“ продолжува писмото, кое до денеска е потпишано од 284 руски православни свештеници, протоереји и ѓакони.

Свештенството дополнително жали за поделбите што ги отвори тековниот конфликт, пишувајќи:

„Нè растажува кога мислиме на јазот што нашите деца и внуци во Русија и Украина ќе треба да го премостат за да почнат повторно да бидат пријатели, да се почитуваат и сакаат едни со други“.

„Запрете ја војната“, се заклучува во писмото.

 

 

Back to top button
Close