„Макпетрол”: На некои пумпи снема дизел, снабдувањето ќе се нормализира во следните денови

Снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол” ќе се нормализира во следните денови. Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери, порачуваат од компанијата.

– Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер „Окта” во недела не работи. Исто така, и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден, а и овој понеделник е државен празник. Сето ова придонесе да се појави привремен недостаток на дизел-гориво на некои наши бензински станици, велат од „Макпетрол”.

Од компанијата додаваат дека денеска, уште во раните утрински часови, го обезбедиле сето расположливо гориво од „Окта” и тоа во текот на денешниот ден и во ноќните часови ќе биде испорачано на локациите на „Макпетрол”.

Back to top button
Close