(ВИДЕО) Зеленски објави снимка од бомбардирана болница: Деца има под рушевините

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на својот профил на Твитер снимка од гранатиран комплекс од породилиште и детска болница во Мариупол.

Зеленски испрати потресна порака преку социјалните мрежи и кажа дека ова е ѕверски потег од страна на руските воени сили.

„Мариупол. Директен удир на руските трупи врз породилиште. Луѓе, деца има под рушевините. Ѕверови! Уште колку светот може да го толерира овој терор? Затворете го небото веднаш. Имате сила, но очигледно ја загубивте човечноста“, напиша украинскиот претседател.

Back to top button
Close