Видео: Андоновиќ: Путин не може да ја добие војната во Украина, но не смее да ја загуби

.

Најверојатно разочаран од големите очекувања, украинскиот претседател Вoлодимир Зеленски ретерираше во ставот и изјави дека засега Украина можеби нема да бара членство во НАТО и дека е подготвен да разговара со руската страна околу статусот на полуостровот Крим и областите Доњецк и Луганск.

За потсетување, токму украинските аспирации за членството во НАТО и непризнавањето на отцепените региони Крим и Донбас, беа едни од главните причини за руската инвазија врз Украина.

Ретерирањето на Зеленски и најавите за средба на шефовите на руската и уркаинската дипломатија Лавров и Кулеба во Турција, прва од започнувањето на војната, укажува дека можеби се водат преговори преку тајни канали за окончувањето на војната во Украина.

Се поприсутно е мислењето дека можеби на Русија и Путин ќе им се понудат одредени гаранции и ќе им се излезе во пресрет на барањата, со цел барем засега да се воспостави мир, и практично Украина своите аспирации да ги бара во некоја блиска или далечна иднина. Но најверојатно за да дојде до некој компромис Русија би требала барем во почеток да ја запре опсадата на Киев. Доколку сепак одлучи да го освојува Киев , сето ова може да пропадне како обид за мир.

Од друга страна и самата Русија нема да може бесконечно да ја води оваа војна, бидејќи ресурсите се трошат, а самата држава е целосно меѓународно изолирана.

Наредниве месеци веројатно, како што изјавија од ЕУ ќе продолжи купувањето на руската нафта, која патем е главниот финансиер на руската инвазија, но во блиска иднина повеќе од сигурно е дека Европјаните ќе се преориентираат на нафтата и гас од други извори. Дотогаш, единствено САД забранија купување на руска нафта, што сигурно ќе се одрази и врз Русија и врз цените на светските берзи кои овие денови бележат рекорди.

Back to top button
Close