Украина подготвува потенцијален трансфер на чувствителни податоци во друга земја  

Украинската влада се подготвува за потенцијалната потреба да ги премести своите е-податоци и сервери во странство доколку руските   сили навлегуваат подлабоко во земјата, изјави   висок функционер за кибер безбедност.

Виктор Жора, заменик-началникот на украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации, нагласи дека неговиот оддел планира справување со непредвидени настани, и дека Украинците сакаат да бидат подготвени за секоја руска закана за запленување чувствителни владини документи.

„Го подготвуваме теренот“, рече Жора. Планот А беше да се заштити ИТ инфраструктурата во Украина. Преместување во друга земја би било само „План Б или Ц“. Овој потег може да се случи само по регулаторните измени одобрени од украинските пратеници, рече Жора.

Владините претставници веќе испраќаат опрема и резервни копии во побезбедните области на Украина надвор од дофат на руските сили, кои извршија инвазија на 24 февруари и вршат опсада врз неколку градов.

Back to top button
Close