Заменик-градоначалникот на Мариупол за Би-би-си: Од улиците собравме 1 207 тела
Орлов рече дека не е можно да се евакуираат луѓето од градот или да се донесе помош
Заменик-градоначалникот на опколеното јужно пристаниште Мариупол вели дека не знае колку луѓе вкупно досега се убиени во градот, но најновата бројка е 1 207.
„Тоа се само тела што ги собравме на улица“,изјави Сергеј Орлов за Би-би-си.
Тој рече дека 47 луѓе биле закопани во масовна гробница, бидејќи не е можно да се стигне до гробиштата надвор од градот, но не се сите идентификувани.
Орлов рече дека не е можно да се евакуираат луѓето од градот или да се донесе помош.
„Околу 100 луѓе кои се обидуваа да побегнат со приватни автомобили мораа да се вратат назад во средата откако руските сили на контролниот пункт почнаа да пукаат не директно во автомобилите, туку околу автомобилите“,рече тој.
Вкупно три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во вчерашниот руски напад врз породилиште и детска болница во градот Мариупол во јужна Украина, соопштил заменик-градоначалникот на Мариупол за Би-би-си.
Околу 17 лица се повредени во бомбардирањето, вклучително и персонал и пациенти, соопштија локалните власти