Роман Абрамовиќ има нова девојка и тоа со украинско потекло

Рускиот олигарх Роман Абрамович е еден од погодените од западните санкции, а новите околности ја открија неговата интимност, која досега беше добро скриена. Имено, се шпекулира дека славниот Русин е во врска со 25-годишна актерка со украинско потекло.

Амбрамович наводно тајно се гледа со Александра Коренџук, претприемач и телевизиска ѕвезда, која се појавила во руското шоу „You’re All P*** ing Me Off“, пренесува „The Sun“.

Врската на сопственикот на Челзи и Александра неодамна беше разоткриена од руската естрада-бизнис новинарка и колумнистка Божена Ринска. Истиот новинар прв објави дека Абрамович ќе се ожени со Даша Жукова, неговата трета сопруга со која беше во брак од 2008 до 2018 година.

Ринска откри дека Амбрамовиќ почнал да се гледа со Александра во октомври минатата година.

Back to top button
Close