ФОТО: Русите тврдеа дека е мртов, а снајперистот од Канада им се обрати на Фејсбук

Оливие Лавињ-Ортиз, „најсмртоносниот снајперист на светот“,  кој им се придружи на украинските сили на отпорот, ги демантираше информациите за неговата наводна смрт во Украина.

Лавињ-Ортиз. познат како Вали, објави порака на социјалните мрежи на која се гледа тој како лежи со пушка во базен со шарени топки.

– Јас сум жив. За доказ, еве ме во позиција на супертактички снајперист командос од специјалните сили во базен со топки, вели Вали, чија изјава ја пренесува и канадскиот медиум LA PRESSE, онлајн издание на француски јазик од Монтреал.

Гласините дека загинал во борбата, Вали ги оценува како „сосема смешни“.

– Вистината е дека го зазедовме теренот на непријателот и му нанесовме загуби. За жал изгубивме и соборци, имаме загинати и повредени, вели тој.

– Русите се плашат од блиска борба. Тие претпочитаат да бомбардираат, одново и одново, уништувајќи куќи, како што се однесуваат фрустрирани насилници, додава Вали

 

 

Back to top button
Close