Американците со истечен пасош ќе може да се вратат во САД до 30 јуни

Американскиот Стејт департмент денеска објави пролонгирање на привремената мерка за враќање на американските државјани во САД со американски пасоши со истечен рок.
-Нашите државјани во странство чии патни документи се со истечен рок на или после 1 јануари 2020 година можат да ги користат овие патни документи за да се вратат во САД до 30 јуни 2022, велат од Стејт департментот
Во соопштението се додава дека надлежните органи на САД работат со авиокомпаниите за продолжување на оваа привремена мерка со овозможување американските државјани да ги користат своите патни документи со истечен рок
-Ова пролонгирање ќе ги олесни тековните отежнати услови за патување поради глобалната пандемија на Ковид-19, се вели во соопштението.
Пасошите со истечен рок не можат да се користат за патувања на други дестинации освен за транзит во аеродром со конекција за САД.
Од Стејт департменот уште еднаш повторуваат дека сите државјани на САД кои пристигаат во земјата со меѓународни летови треба да покажат доказ за негативен тест од Ковид-19, без разлика дали се вакцинирани. Тестот треба да биде направен најмногу 24 часови пред заминувањето.






