Столтенберг: Русија направи голема грешка кога ја нападна Украина. НАТО ќе преговара за распоредување на трупи  во Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово пред самитот во Брисел изјави дека Русија направила голема грешка со инвазијата врз Украина.

Press Conference NATO Secretary General Jens Stoltenberg

Столтенберг потврди дека НАТО ќе почне да преговара за распоредување на трупи на Алијансата во Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија

Тој исто така рече дека сојузниците и дале поддршка на Украина за да и помогнат на нејзиното основно право на одбрана, но повтори дека основната задача на воената алијанса е да ги брани и заштити членките на НАТО.

Со огледа на тоа што Украина не е членка, Алијансата не испраќа војници во земјата, иако го зголемува своето воено присуство во соседните земји кои се членки на НАТО.

Back to top button
Close