Русија протера 10 дипломати од балтичките земји  

Русија објави протерување на 10 дипломати од трите балтички земји како одговор на претходното протерување на руски дипломати од тие земји, вклучувајќи по тројца дипломати од Естонија и Латвија и четворица од Литванија.

Трите балтички земји протераа вкупно 10 руски дипломати во координиран потег претходно овој месец.

Летонија рече дека активностите на руските дипломати биле во спротивност со нивниот дипломатски статус и дека одлуката за нивно протерување ја зела предвид и руската инвазија на Украина.

Руското Министерство за надворешни работи во својата изјава во вторникот рече дека ги повикало амбасадорите на трите земји да се пожалат на, како што ја опиша, „провокативната“ и „неоснованата“ акција преземена против нејзините дипломати.

Летонија, Литванија и Естонија некогаш беа дел од Советскиот Сојуз, а сега се членки и на НАТО и на Европската унија. Тие силно ги поддржаа западните санкции наметнати на Москва поради нејзините акции во Украина.

Back to top button
Close