ФФМ ќе им даде 4,5 милиони евра да поделат фудбалерите ако победат вечер

Фудбалската федерација на Македонија одреди највисока премија во историјата: фудбалерите ќе поделат 4,5 милиони евра доколку вечерва ја победат Португалија и успеат да се пласираат на Светското првенство во Катар.

Од ФФМ сметаат дека ова ќе биде дополнителен мотив за нашите фудбалери.

Претходно, премиерот Димитар Ковачевски најави дека Владата ќе издвои половина милион евра доколку Македонија за прв пат во историјата се пласира на СП.

Back to top button
Close