Откриена судбината на украинските бранители на окупираниот Змискиот остров кои ја опцуја руската војска

Украинските морнари кои беа заробени откако на радио ѝ кажале на руската армија да се „е *е“ додека го бранеле малиот остров во Црното Море, биле ослободени во размена на затвореници со Москва.

Првично се сметаше дека 19 морнари кои го бранеле Змискиот остров биле убиени од страна на напаѓачката руска морнарица во текот на првата недела од војната, но подоцна било потврдено дека тие биле држени како воени заробеници.

Во четвртокот, точно еден месец по инвазијата на руските војници, украинскиот парламент потврди дека морнарите биле ослободени како дел од размената за 11 руски морнари заробени од потонат брод.

Украинската морнарица претходно потврди дека војниците на островот одбиле два напади на руските сили на 24 февруари, но биле принудени да се предадат „поради недостаток на муниција“.

Во соопштението се наведува и дека руските сили ја уништиле инфраструктурата на Змискиот остров, вклучувајќи ги светилниците, кулите и антените. Ден по нападот, на интернет беше објавена аудио снимка на која се слуша како офицер од руски воен брод им вели на украинските стражари „веднаш да го остават оружјето за да се избегне крвопролевање и неоправдана смрт“, додавајќи „во спротивно ќе бидете бомбардирани “.

Стражарите се слушнаа како разговараат меѓу себе, согласувајќи се дека тоа е тоа, пред да и одговорат на руската морнарица велејќи: „е *ете се“. Украина подоцна го загуби контактот со своите сили кои го бранеа островот откако Русија изврши воздушни и поморски напади, соопштија властите во Киев.

Back to top button
Close