Рударска несреќа во Србија: Осум загинати рудари, 20 се заробени во окното на рудникот кај Сокобања

Експлозија на метан се случи во рудникот Соко во Сокобања. Како што објави Новости, дваесетина рудари останале заробени во окното.

Неофицијално има осум загинати рудари, а се стравува дека бројот може да се зголеми.

Во тек е спасувачка операција, а досега се извлечени десет рудари.

Од Брзата помош во Алексинац за српските медиуми потврдиле дека испратиле четири екипи за да им помогнат на повредените.

 

 

Back to top button
Close